Во Кувајт во текот на ноќта уапсени се седум лица, меѓу кои и возачот кој го превезувал бомбашот-самоубиец до шиитската џамија Ал Имам ал Садек во центарот на градот, во петокот, кога се убиени 26 лица и 227 се повредени.
Кувајтското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е уапсен Абдул-Рахман Сабах Аидан Сауд, возач на јапонскиот автомобил, кој ја напуштил џамијата веднаш по бомбашкиот напад во петокот.
Во соопштението се наведува дека тој бил илегален жител на Кувајт и оти е роден 1989 година.
Кувајтските власти го уапсија и сопственикот на куќата каде бомбашот-самоубиец се криел, кој е кувајтски државјанин и приврзаник на „фундаменталистичката и девијантна идеологија“, објавува кувајстката новинска агенција КИНА.
Џихадистите од Исламска држава ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад на 2000 верници, колку што беа присутни во петокот во џамијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.