Едно лице е повредено со остар предмет на една од охридските плажи. Според Охрид њуз, инцидентот се случил рано утрово, а лицето се здобило со полесни повреди.
Инцидентот се случил ноќеска околу 4 часот и 10 минути на пешачката патека пред плажата Кадмо. Охриѓанецот се здобил расекотини предизвикани од напад со нож, по што бил префрлен во болница за да му се санираат раните.
Неговите рани, како што информираат од полицијата, не се животозагрозувачки. Извршен бил увид на лице место, а повеќе информации за инцидентот се очекуваат во текот на денов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


