Откако англискиот премиерлигаш Арсенал му пропадна обидот за ангажман на Гонзало Игуаин, кој беше најголема желба на менаџерот Арсен Венгер за засилување на нападот, но се чини дека за истите пари ќе успее да донесе двајца врвни напаѓачи. Ријад Махрез од Лестер веќе ги договорил личните услови за трансфер меѓу „топчиите“, а првакот ќе добие и отштета од 40 милиони фунти. Но, Венгер сака со него во тандем да го има и напаѓачот на францускиот клуб Лион, Александре Лаказет. За него е подготвен да плати 35 милиони фунти.
Венгер конечно се реши подобро да го одврзе ќесето и барем малку да им парира на Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челси, кои значајно се засилуваат секое лето.
Лаказет веќе им најавил на раководните луѓе на Лион дека сака да си замине, и се очекува многу брзо раководството на Арсенал да испрати официјална понуда за негов ангажман во овој летен преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.