| четврток, 6 декември 2018 |

Музеј на АББА во Стокхоум, влез 23 евра

ABBA enjoying their summerВо Стокхолм се отвора музеј посветен на легендарната група АББА, а се наоѓа помеѓу музејот Скансен и забавниот парк Тиволи Груна. Сепак, за музејот не се зборува наголемо, токму напротив.

Верувале или не, во Стокхолм не се зборува постојано за овој светски популарен бенд, иако тоа е нивниот роден град. Затоа и околу целата работа со музејот не беше проследена со голема прашина. Иако овој град не ја славел работата на АББА во минатото, тоа сега ќе се смени со отворањето на музејот.

Интересно е што членовите на АББА изјавиле дека не сакаат музејот да биде посветен исклучиво на нив, па така таму ќе може да се видат и експонати посветени на донекаде анонимни музичари како Макс Мартин, кои сепак направиле големи хитови.

Сигурно не сте знаеле дека токму тој ги создаде најголемите хитови на Бритни Спирс. Влезот во музејот ќе се наплаќа 195 шведски круни (околу 23 евра) за возрасни, а 50 круни (6 евра) за деца

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top