Пукањето според извештаите на локалните медиуми се случило во градот Хамилтон во Охајо, а повеќе лица се повредени. Полицијата дошла на лице место околу два часот утрото по локално време, а првите извештаи говорат дека има најмалку две жртви, и повеќе повредени. Имињата на жртвите уште не се објавени. Останатите жртви се однесени во болница. Полицијата го обиколила местото во кое дошло до пукање. Инаку, во овој локал и во 2015 година дошло до пукање, кога две лица ги изгубија животите. Очевидец на пукањето Толу Адесех рекол дека слушнал 15 пукања, и дека изгледало како пукањето да траело со часови. Еден од сведоците кој присуствувал на напдот раскажал како видел повеќе луѓе со пиштоли, но не и кој го започнал нападот.
-Луѓето лежеа на под и се правеа мртви. Покрај мене лежеше девојка која почна да плаче, и реков дека мора да молчи и да се прави дека е мртва, раскажал тој.
Страшната ситуација ја снимиле сигурносните камери во барот во кој дошло до пукање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)