Фудбалерите на Манчестер Јунајтед уште долго ќе го паметат авионскиот лет од Шангај до Пекинг каде вчера заминаа во пресрет на натпреварот против градскиот ривал Сити.
Место во кинеската престолнина, авионот морал да слета во Тианџин, но претходно добро ги испаничил фудбалерите. Информацијата за драмата што се случувала ја пренесе Мемфис Депај и тоа преку својот профил на ФБ.
„Изгубени сме некаде, моравме брзо да слетаме. Се обидовме да се вратиме во Пекинг, но времето беше многу лошо и моравме да слетаме некаде. Сега чекаме малку да се поправи и се надевам дека наскоро ќе тргнеме за да се подготвиме за натпреварот со Сити”, напиша холандскиот фудбалер.
Манчестер Јунајтед навистина нема среќа со превозните средства. Минатата сезона еднаш каснеја на натпревар поради гужва во сообраќајот, а втиот пат беа „заробени“ во сопствениот автобус поради нападот на навивачите на Вест Хем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.