| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин од миленик за еден ден стана предавник на Наполи

napoli

Аргентинецот Гонзало Игуаин од Наполи се сели во Јувентус за сума од 94 милиони евра, а навивачите на досегашниот клуб тоа нема лесно да му го простат. Од најголем миленик, популарниот Пипита за еден стана „предавник“ во Неапол.

iguain 1

Фановите веќе почнаа да ги кинат неговите дресови со бројот „9“, а закачен е и на ѕидот на срамот во Неапол.

Трансферот на Игуаин од Наполи во редовите на „старата дама“ сигурно ќе предизвика вистинска револуција на Апенините. Се јави и легендарниот Диего Марадона, кој на Фејсбук објави дека вината не ја гледа само во фудбалерот, туку и во клубот кој се согласил да го продаде Игуаин на големиот ривал.

iguain

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top