Во мочуришно подрачје на Урал, во близина на градот Серов, пронајдени се остатоци од авионот АН-2 кој исчезна во јуни минатата година. На местото на падот пронајдени се остатоци од тела на 11 лица – објави Руска реч.
Авионот АН-2 со 12 патници, полета на 11 јуни, 2012 без дозвола на службата за конторла на градот Серов, во непознат правец и исчезна. Потрагата траеше неколку месеци, но после неуспехот беше сопрена.
Авионот случајно го пронајдоа двајца ловџии 8 km од местото на полетување. Според еден од нив, помеѓу остатоците од авионот јасно се гледаат човечки остатоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


