| четврток, 6 декември 2018 |

Облечени како жени, борци на ИСИС фатени како бегаат од опсаден град (Видео)

Борци на Исламска држава маскирани како жени биле фатени од опозициските сили додека се обидувале да избегаат од Манбиџ, Сирија. Ова се случило откако на терористичката група ѝ биле дадени 48 часа да го напушти овој стратегиски важен град.

Мажите, облечени во целосни црни превези, се обиделе да се вклопат меѓу цивилите што бегаат од северниот град, откако коалиционите сили издале наредба да го напуштат Манбиџ во рок од два дена.

Снимките со тројца мажи во четвртокот беа објавени на интернет од Сириските демократски сили (СДФ), поддржани од САД, во кои претежно има курдски борци.

Видеото почнува како мажите седат пред борците на опозицијата, сè уште со покриени лица. Тие потоа се прикажани како одат со симнати превези, а на крај остануваат само по долна облека.

mkd-275270

Еден од заробените борци вели дека бил снајперист.

Воениот совет на Манбиџ (MMЦ) – дел од СДФ – во четвртокот им дал на терористите 48 часа да го напуштат градот со своето „индивидуално оружје“, велејќи дека тоа е нивната последна шанса да заминат живи.

-Оваа иницијатива е последната шанса за опсадените членови на Даеш (арапски акроним за ИСИС) да го напуштат градот, рекол ММС, пренесе Франс прес.

Повеќето борци на ИСИС го игнорирале предупредувањето, останале во градот и ги користат цивилите како човечки штит.

Манбиџ се наоѓа на клучна снабдувачка рута кон упориштето на ИСИС Рака и се смета за многу важен град во борбата против терористичката група.

Ова не е првпат борци на ИСИС да бидат фатени како се обидуваат да избегаат облечени како жени. Во февруари беа заробени борци што бегаа од Рамади носејќи бурки.

Најмалку 250.000 луѓе се убиени, а 12 милиони се раселени откако почна граѓанската војна во Сирија во 2011 година, покажуваат податоците на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top