Тренерот на најтрофејниот срски тим Црвена Звезда, Миодраг Божовиќ, направи само една измена во составот за престојниот двомеч во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите против бугарскиот шампион Лудогорец.
На првиот дуел на европска сцена оваа сезона против тимот од Малта, Валета, во списокот на пријавени фудбалери се снајде младинскиот репрезентативец на Македонија Даниел Аврамовски. Сега за дуелите со Лудогорец популарниот Гроф се реши да го засили тимот со капитенот на младиската репрезентацијата на Македонија, Давид Бабунски.
„Црвено-белите” во вторник гостуваат на Лудогорец во рамките од третото претколо во елитното европско натпреварување. Предизвикот за Звезда ќе биде голем бидејќи никогаш нема победено во Бугарија.
Бабунски играше одлично во подготвителниот период во Словенија, но сепак беше изоставен од двомечот со Валета, кога во тимот беше Аврамовски. Сега тренерот Божовиќ реши да направи рокада, па Бабунски е дел од тимот, додека Аврамовски ќе остане на трибините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.