Властите во Перу во соработка со американската ДЕА го упасиле најбарниот Србин на сите времиња 57- годишниот Зоран Јакшиќ, за кого се верува дека бил финансиер и организатор на групата што шверцувала кокаин во Европа, вршела киднапирања и имала платени убијци.
Групата била позната под името „Америка“, пренесуваат светските медиуми.
Јакшиќ бил сослушан во Лима, главниот град на Перу. Против него се распишани три меѓународни потерници.
Тој користел 46 лажни идентитети и 10 различни пасоши.
Јакшиќ го бараат дури 25 земји меѓу кои Германија, Аргентина, САД, Перу, БиХ, Грција, Австралија. Се подготвувал да побегне во Еквадор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)