За да спречи влез на граѓаните во европскиот дел од град за време на воениот пуч во Турција, војската го блокирала Босфорскиот мост насочувајќи ги тенковските цевки и пушки кон демонстрантите.
Новата видео снимка од крвопролевањето на Босфорскиот мост го открива вистинскиот хорор кој се одвивал во Истанбул ноќта од 15. кој 16. јуни при обидот за државен удар.
По блокадата на мостот која ја извршила бунтовничката фракција на турската војска, граѓаните од азискиот дел на градот се собрале во близина на барикадата протестирајќи против новонастанатата ситуација. Случувањата на споменатиот мост влегуваат во најдраматичната епизода од обидот за државен удар.
Исто така, војската истата вечер го блокирала пристапот и на мостот Султан Мехмед Фатих.
За да спречи влегување на граѓаните во европскиот дел на градот, војската го блокирала Босфорскиот мост насочувајќи ги тенковските цевки и пушки кон демонстрантите. При отворањето на оган убиени биле цивили кои без оружје тргнале кон барикадите, пренесува Tелеграф.рс
Видеото на Русија денес, кое е сочинето од досега невидени снимки од надзорните камери, ги потврдува наводите за смртоносното делување на бунтовната војска.
Повеќе од 140 цивили биле убиени во текот на таа кобна но, додека вкупниот број на мртви, вклучувајќи ги владините сили и бунтовниците, преминал 300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)