Нико Розберг, пилотот на „Мерцедес“ прв ќе стартува на трката за Големата награда на Унгарија која ќе се вози утре во Будимпешта на патеката „Хунгароринг“.
Розберг го извозе најбрзиот круг со време од 1:19.965. Втор беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон кој имаше време 1:20.108 а третата позиција му припадна на возачот на „Ред Бул Рејсинг“, Даниел Рикиардо.
Во текот на квалификациите паѓаше дожд, и им ја отежнуваше работата на возачите. Маркус Ериксон исто како и минатата трка за ГН во Велика Британија, излета од патеката во финишот од квалификациите.
Во генералниот пласман води Розберг со 168 поени, еден повеќе од Хамилтон, на третата позиција е Кими Раиконен со 106 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ф1: Неверојатното претекнување на Хамилтон – „3 муви со еден удар“! (ВИДЕО)
-
Последно коло квалификации за Лига Европа: Вардар денес против Фенербахче, Шкендија му гостува на Милан
-
Вечерва ја бодриме Македонија: Кошаркарите против Косово ги започнуваат квалификациите за СП
-
Хунгароринг: Фетел од пол-позиција, Ферари доминира