| четврток, 6 декември 2018 |

Фолкерка за госпоѓа министерка: Лепа Брена на чело на финансии

Фолк-ѕвездата Лепа Брена открива дека никогаш не ја интересирала политика, но за подобро утре на своите и на туѓите деца со задоволство би ги презела Минситерството за финансии и така би го регулирала главниот проблем во Србија.

Брена со гоини е на сцената и ги развеселува и забавува љубителите на народната музика, а вели тоа би ѝ била и главната задача кога би седнала во министерската фотелја.

Lepa Brena

-Мислам дека политиката не е мој сегмент и дека не ми лежи, зашто не знам да уживам во туѓи јасли, па затоа не би била добар политичар. Јас сум жена што се занимава со оптимизам, со своите и туѓите деца, со младите, кои треба да застанат на свои нозе. Сум навикнала да остварувам, да заработувам и да вложувам – вели Брена за „Ало“, па оттука смета дека е соодветно да го избере министеството што работи со пари.

-Минситерствотоз а финансии би ми легнало одлично. Би го раководела без грешка. Кај мене сите би морале да работат и да плаќаат данок. Не постои земја во која, ако се работи добро, не се плаќа данок. Сите би работели и би биле среќни во земјата во која ајс би била министер за финансии. Би имале добро школство, странски инвестиции – со смеа ја образложува Брена својата кампања, на која очигледно ѝ се допаѓа идејата да биде госпоѓа министерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top