
И дефинитивно се е готово. Гонзало Игуаин е нов фудбалер на Јувентус, откако денеска во Торино имаше лекарски прегледи а наредниве денови официјално треба само да го стави потписот на договорот со „Старата дама“.
Јувентус конечно прифати да исплати 94 милиони евра на Наполи, во две рати, што е најголем трансфер досега ова лето. Игуаин, кој ќе потпише четиригодишен договор со „црно-белите“, како што тврди „Кориере дело спорт“ веќе изнајмил и стан во Торино. Неговата годишна плата во Јувентус ќе изнесува 7,5 милиони евра.
Од друга страна, токму реализацијата на овој трансфер, веќе се поизвесно го најавува и заминувањето на Пол Погба во Манчестер јунајтед. Потврда, според некои, за тоа е и фактот што Јувентус го тргнал Погба од сите свои промотивна материјали и службените страници на социјалните мрежи.
Погба во Јунајтед треба да замине за трансфер од 120 милиони евра. Сето тоа треба да се официјализира, исто така, деновиве, и покрај тоа што тренерот Алегри упорно тврди дека Погба нема да оди никаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


