Холанѓанецот Шарлон Клоф (26 год., 190 см.) е нов член на кошаркарскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска финишираа сите формалности околу потпишувањето на договорот, кој е со важност од една сезона.
Станува збор за кошаркар кој игра на двете бековски позиции и кој беше дел од селекцијата на Холандија на ланското Европско првенство (ЕП). Клоф на средбите од прелиминарната група во Загреб имаше просек од 16,2 поени, 4,6 скока и 3,2 асистенции, а на пресметката со Македонија, која заврши со триумф на жолто-црвените, реализира девет поени со пет скока.
Бекот во таборот на МЗТ Скопје Аеродром доаѓа од редовите на италијанскиот прволигаш Торино. Претходно, Клоф има играно во Турција, Грција како и во американската НЦАА-лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.