| четврток, 6 декември 2018 |

Фотографија од Заев газена и кинета во Холандија (фото)

Во повеќе од 15 градови низ светот, како и во Скопје, денеска се одржаа низа на семакедонски протести на кои главното барање беше напуштање на преговорите за името, како и повлекување на законот за двојазичност, договорот со Бугарија и ослободување на патриотите кои според демонстрантите се неправедно и политички мотивирани притворени

Уште една провокација е забележана на демонстрациите на македонската дијаспора одржани во Хаг, Холандија. Откако во Мелбурн беше запалена слика од премиерот Заев, во Хаг демонстранти направиле постер на кој Заев е претставен како „злобен предавник“ по што сликата била газена и кинета.

– Македонците во Холандија, на плоштадот во Ден Хаг, го препознаа злото што ја води нашата Македонија кон распарчување и ја испратија својата порака до светот, пишува еден од учесниците на протестите во Холандија на Фејсбук.

Претходно политичките субјекти го осудија инцидентот во Мелбурн како закана за демократските институции и ширење на омраза на политичка основа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top