| четврток, 6 декември 2018 |

Сите скептични, Србите сериозни – Балкански фудбалски куп од 2018

balkanski ku[

По серијата на шпекулации, конечно и официјална потврда. Балкански куп на клубови во фудбал е и повеќе од идеја и за тоа не запозната и УЕФА. Првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокеза во интервју за Арена истакна дека шаблонот за натпреварување е направен и тој не би требало да ги загрози националните првенства на бившите југословенски републики.

„Натпреварувањето ќе брои екипи од Србија, Хрватска, БиХ, Македонија, Црна Гора и Словенија и победникот на овој Балкански куп ќе добие 2.5 милиони евра. Првите осум екипи на табелата ќе добијат не помалку од 700.000-800.000 евра, што можеби за европскиот пазар не е голема сума, но за балканските клубови, тоа дефинитивно е добра сума. Ова натпреварување треба да стартува во сезоната 2017/18“, рече Кокеза.

Сепак, не е точна информацијата дека победникот на овој Куп ќе игра во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, бидејќи УЕФА повторно ќе се потпира на националните првенства како единствен меродавен фактор за одредување на учесниците во квалификациите или групната фаза на двата европски купа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top