| четврток, 6 декември 2018 |

18-годишен Иранец уби 8 лица и се самоуби во Минхен: Полицијата го претресува домот, таткото одведен на сослушување

Напаѓачот во трговскиот центар „Олимпија“ во Минхен е 18-годишен Иранец од Минхен, изјави утрово шефот на полицијата Хубертус Анде на прес-конференција додавајќи дека мотивите за злосторството засега не се познати. По нападот момчето извршило самоубиство.
Никој друг не е осомничен за пукањето во кое загинаа 8 лица, а најмалку 21 е рането.

minhen napad

Нападот се случи во трговскиот центар „Олимпија“ на околу 5 километри северозападно од центарот на Минхен.
Телото на напаѓачот е пронајдено на околу 1 километар од трговскиот центар. Црвениот ранец пронајден во близина на телото и е испитан на експлозив, но истрагата продолжува.

Германските медиуми јавуваат дека полицијата го претресува домот на момчето, а веќе во полиција на испрашување е одведен и неговиот татко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top