Во 2011 година во Македонија имало 14.736 склучени бракови, а во 2012-та 676 бракови помалку. Во 2011-та имало 1753 разводи, а лани 263 разводи повеќе. Бракоразводи има дури и поради несогласувања на околу име на бебето.
Најновите статистички податоци, кои државниот Завод за статистика ги објави на почетокот од април, повторно укажуваат на сé позагрижувачките и интензивни промени што се случуваат во македонското општество во услови на предолга општествено-политичка и економска транзиција и на галопирачка беда на цели слоеви на населението, без оглед на етничката припадност. Во 2011-та година имало 7,2 склучени бракови на илјада жители, а 0,9 разведени брачни заедници на илјада жители.
Илија Ацевски од државниот Институт за социологија во Скопје за Дојче Веле вели:
-Разводот се доживува значително потешко во посиромашните земји, онаму каде што потешко се наоѓа работа и каде што стандардот е многу понизок. Ако во развиените земји, каде што има просперитет и работа, постојат ’среќно разведени’, во неразвиените општества разводот е решение, кое не е баш најсреќно за поединецот, а особено не за жените: тука веќе се создаваат тие социјални случаи, проблемите околу грижата за децата од разведените бракови и така натаму. Децата од распаднатите бракови врз себе ги носат главните последици од распаѓањето на брачните заедници во неразвиеното општество, каде што државата нема механизми, нема установи за згрижување на таквите деца, а нема ниту доволно социјален додаток за нив. Сето тоа остава тешки последици врз натамошниот развој на децата од разведените бракови. Во една високоразвиена и богата Шведска тоа е малку поинаку, но во една сиромашна Македонија последиците се страотни за децата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.