| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците чести гости кај проститутките – секоја година се повеќе пари даваат на нив

За три години Македонците одвоиле речиси 2 милијарди денари повеќе за услуги на сексуалните работнички.
Официјални податоци покажуваат дека сумата која Македонците ја користат за услуги на сексуалните работнички бележи постојан раст. Така, според податоци на Државниот завод за статистика, (кој ја вклучува проституцијата во пресметките за македонскиот бруто домашен производ (БДП) според трошковниот метод), во 2011 година трошоците за проституција во Македонија изнесувале околу 2,5 милијарди денари, во 2012 година 2,6 милијарди денари, а во 2013 година 2,9 милијарди денари или нешто повеќе од 47 милиони евра, што е околу 0,8 отсто од вкупната финална потрошувачка на домаќинствата.

Во 2014 година бројката продолжува да расте и достигнала 3,2 милијарди денари, а во 2015 година, според последните податоци, бројката стигнала до 4,1 милијарди денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top