| четврток, 6 декември 2018 |

Најскандалозните разводи на овие простори: Маленко рекордер, зад него Лила и Калиопи

Деновиве во центарот на вниманието е разводот на Никола Јанков – Коки кој беше дел од дуото Дуле и Коки и неговата сопруга Росана. Причините за разделбата се уште се непознати, парот ја нема ниту потврдено, ниту демантирано веста, но чаршијата на големо бруи дека виолинистот веќе е отселен од нивниот заеднички дом и живее сам во изнајмен стан. Плод на нивната љубов е ќеркичката Лара, а двојката беше во брак 10 години. Но, Коки и Росана се само еден пример во морето “пропаднати бракови” на познати личности, пишува Убавина и здравје.

Рекордер по број на разводи на домашен терен дефинитивно е Александар Маленко кој има дури три зад себе и сега е оженет по четврти пат.

Поранешниот пливач најпрво стапи во брак со Сузана Турунџиева со која ја доби првата ќерка Лора. По втор пат стапи во брак со актерката Јелена Жугиќ со која го има неговото второ дете, синот Ахил. Потоа следуваше и неговиот трет брак со русинката Татјана со кој дојде и третото дете. За сега, негов последен брак е тој со Фанче со која е сеуште во брак и со која има два сина.

Зад него, во врат му дише водителката Лила Стојановска која зад себе има два брака. Од првиот брак таа го доби својот син, Филип, а по втор пат стапи во брак со фронтменот на групата “Арија”, Орце. Таа често знае да се пошегува на оваа тема, велејќи дека повторно ќе се омажи кога ќе дознае која е тајната на среќниот брак.

Два пропаднати брака зад себе има и дивата Калиопи која најпрвин се омажи за композиторот Ромео Грил со кого го има синот Пако, а потоа му кажа “да” и на актерот Васил Зафирчев. Иако романсите завршија неславно, пејачката е во супер односи и со двајцата.

Развод, пак, кој ја потресе јавноста ширум овие простори беше оној на Емина Јаховиќ и турската ѕвезда Мустафа Сандал кои по 10 години поминати заедно се разделија, а пејачката преку отворено писмо кое го објави на Инстаграм откри дека останале во добри односи затоа што среќата на синовите им е најважна. Но ова не е прв развод за Емина, таа стапила во првиот брак кога имала 17 години , но се развела по само шест месеци.

Еден од најскандалозните разводи е и оној на Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ. После две години врска, двојката се венча во 2004 година и започнаа заеднички живот. Иако се делуваше како бајка, после три месеци парот поднесе документи за развод, а српските таблоиди објавија дека пејачката била фатена во неверство со телохранителот и тоа во автомобил пред нивната куќа. Неколку години подоцна пејачката се омажи за фудбалерот Душко Тошиќ со кого има две ќерки, Ника и Атина, а нејзиниот екссопруг, исто така, е во среќен брак и има две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top