| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Договорот можеби не е по желба на пoлитичките партии и граѓанската јавност, но е најмногу што може да се направи

 

zaev epten najnovПостигнатиот договор е во интерес на  граѓаните на Република Македонија и е излез од политичката криза, оценува лидерот на СДСМ Зоран Заев.

СДСМ смета дека договорот кој што се постигна пред два дена е поволен за граѓаните но и за нив како партија и според лидерот Заев, тој може да биде основа за фер и демократски избори кои ќе стават крај на двегодишната политичка криза во земјата. Заев се согласува дека договорот можеби не е по желба на пoлитичките партии и граѓанската јавност, но верува дека е најмногу што може да се направи во таква ситуација, во која државата е сериозно истоштена и на политички и на економски план.

Тој вели дека договорот е поволен за СДСМ бидејќи ги обезбедува чекорите за исполнување на двата услова, минимум регулација на медиумите преку формирањето на ад-хок телото, и допрочистување на избирачкиот список.

-Со овие две фази очекуваме избалансирано известување на медиумите, очекуваме почитување на професионалните стандарди, етичките кодекси, не ширење омраза од страна на медиумите во Република Македонија се со конечна цел да дадат подобро изразување на слободна волја на граѓаните. Истовремено процесот ДИК што треба да го заврши во наредните 30 дена, а на крајот ќе го констатираме ние лидерите на четирите партии, треба да го предочи конечниот Избирачки список за наредните парламентарни избори којшто конечно нема да биде 1.813.000 или 1.804.000, туку ќе биде помеѓу 1.550.000 и 1.580.000. Тоа е веќе нешто ново, нешто фер, целосно се отстранува можноста да се злоупотребат евентуално гласачи во Избирачкиот процес, дополнително и тоа ја гарантира слободно изразената волја на граѓаните- нагласи Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top