| четврток, 6 декември 2018 |

Челси со 50 милиони евра ќе се обиде да го доведе Кавани

edison kavani

Премиерлигашот Челси наскоро ќе испрати официјална понуда за напаѓачот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани. Имено, раководството на „сините“ подготвило сума од 50 милиони евра за трансфер на уругвајскиот напаѓач, кој и во минатото беше поврзуван со трансфер во Премиер лигата.

Сепак, заминувањето на Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед остави простор за Кавани во тимот, а информациите од Франција говорат дека раководството на Французите се уште не е подготвено да го продаде напаѓачот.

Ситуацијата може да се промени доколку богатите сопственици го убедат Левандовски да дојде во тимот од Париз, и со тоа Кавани ќе биде присилен да си побара нов клуб, каде ќе има поголема минутажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top