| четврток, 6 декември 2018 |

По сонцето доаѓаат дожд и грмежи

Сончевиот ден ќе заврши со локални врнежи

Сончевиот ден ќе заврши со локални врнежи

Сончево и топло време во претпладневните часови, наоблачување во попладневните. Метеролозите велеат  дека денес во попладневните часови во југозападните, западните и северозападните како и во крајните источни и североисточните области на земјата се очекува развој на нестабилна облачност со врнежи од дожд и грмотевици а понекаде е можна и појава на град.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури се движат од 8 до 16 Целзиуови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 21, односно до 31 Целзиусов степен со УВ индекс од ниво 6.

Речсии идентични времениски прилики се предвидуваат и за утре, само што ветерот ќе го промени правецот па дува умерен ветер со променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен источен ветер. Темепратурите спроед метеоролозите ќе се движат во размерот како и во понеделник со УВ индекс со вредност 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top