| четврток, 6 декември 2018 |

Од септември нова градинка во Горно Лисиче за 100 дечиња

Нова градинка со капацитет да згрижи 100 деца од предучилипна воздраст ќе биде пуштена во употреба во Горно Лисиче, општина Аеродром. Изградбата на градинката почна на почетокот на годината, а вредноста на инвестицијата е 14 милиони денари, обезбедени од општина Аеродром и Министерството за труд и социјална политика.

gradinka lisice3

– Овој проект го започнавме на почетокот на годината и е во завршна фаза на реализација. Од почетокот на септември тука ќе се создаде капацитет за згрижување на околу 100 деца кои живеат во ова населено место. Со реализацијата на овој проект исполнуваме уште едно барање на граѓаните кои живеат во населбата Горно Лисиче, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој денеска изврши увид во градежните работи за изградба на градинката.

gradinka lisice4

Информира дека ова е втора градинка која МТСП ја реализира со општина Аеродром. Првата, рече, е градинката „Сонце“ отворена 2013 година со капацитет за згрижување на околу 180 деца и оти во завршна фаза се уште две градинки во општината, а во фаза на изработка на проекти се дополнителни две.

На ваков начин, потенцира, целосно ќе бидат задоволени потребите на граѓаните за згрижување деца во претшколски установи во оваа општина.

gradinka lisice5

Градоначалникот на општина Аеродором Ивица Коневски рече дека градинката, која ќе има можност да згрижи околу 100 деца, треба да биде пуштена во употреба на 1 септември.

– Во општина Аеродром во моментов се работи на изградба на уште две градинки. Вкупниот капацитет на сите градинки што се градат во моментов е да згрижат 300 деца, за 100 деца ќе биде наменета онаа градинка што се гради во населбата Јане Сандански во општина Аеродром, а се гради и уште една во Горно Лисиче, рече Коневски.

gradinka lisice2

Градоначалникот на општина Аеродром истакна дека во моментов се работи и на проектирање на уште две градинки. Проектите, рече, треба да бидат готови до крајот на оваа година и очекувам наредната година да се почне со реализација на дополнителни две градинки.

gradinka lisice1

– Очекувам до крајот на мојот мандат да бидат готови и изградени и овие дополнителни две градинки, така што во последните четири години вкупно ќе бидат изградени пет градинки, со вкупен капацитет за околу илјада деца, истакна Коневски.

На ваков начин рече, треба да се реши проблемот со листите на чекање на децата за згрижување во градинките.

gradinka lisice

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top