Мега агендата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за посета на населените места во Македонски Брод и Прилеп и прилепско заврши во вечерните часови со посета на населените места Могилец и Самоков каде имаше средби со граѓани и промоција на нови проекти.
Беше посетен новиот пат за Могилец кој во должина од 3,5 километри е реализиран со средства од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и општината во вкупен износ од 18 милиони денари.
-Се заблагодаруваме во име на месното население од село Могилец. Инвестиција која ја обезбедивме од Агенција за финансиска поддршка и Владата на Република Македонија, 15 милиони денари и 3 милиони денари од локалната самоуправа. Овој пат е спремен да се пушти. Претходно пат и да не постоеше, козја патека имаше, а сега е еден од најубавите патишта, истакна градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески.
Општина Македонски Брод преку Агенцијата има добиено 40 милиони денари од кои досега е изграден овој пат, а асфалтирани се и 600 метри улици во износ од 10 милиони денари во село Самоков до новата населба Сувенир.
-Најмногу се искористија за локални патишта и овој локален пат се изгради. Се изградија и улици во село Самоков, околу 600 метри во новата населба Сувенир. Има уредување и на пештерата Пешна, посочи Војнески.
Се планира во пештерата Пешна да се изградат две патеки со травертин плочки кои ќе бидат осветлени и таа да стане значајна туристичка атракција.
Во Самоков Груевски го посети и новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште кое е дел од 59-те игралишта што досега ги има изградено Агенцијата за млади и спорт (АМС) ширум Македонија. Игралиштето, како што информира директорот на АМС Марјан Спасески, е во завршна фаза и останува само да се приклучат рефлекторите за ноќно користење.
-Во завршна фаза е, треба да се спроведе уште струјата. Младите веќе го користат, се подготвуваат за турнирот. Вредноста на инвестицијата е 9 милиони денари. Ова е 59 игралиште кое е завршено. Големите фудбалски игралишта се исто преку нас, го градиме капиталниот проект за затворен пливачки базен во Охрид каде имаме интензивна динамика. Паралелно на преку 40 објекти во моментов се гради, истакна Спасески.
-СЦ „Борис Трајковски“ од идната, 2017 година ќе почнат да градат еден голем објект во кој ќе има три тениски терени ама затворени за да може и зимно време да е игра, но и монтажни да може летно време да се отворат и да се користат. Ќе градат гимнастичка сала, професионална со цела опрема, а одоздола сала за боречки вештини, посочи Груевски.
Градоначалникот на Македонски брод Војневски истакна дека општината во соработка со Агенцијата за млади и спорт има реализирано бројни проекти за младите во општината, две спортски сали, фудбалски стадион, тениско игралиште, мултифункционално игралиште, и се чека ново баскет игралиште.
-И Македонски Брод како општина успеа да добие меѓу првите општини, најмногу средства од АМС, Министерството за образование. Изградивме две спортски сали, во основното училиште и во гимназијата, фудбалски стадион во Македонски Брод. Изградивме исто тениско игралиште и сега ова мултифункционално игралиште и имаме обезбедено средства за баскет игралиште, објасни градоначалникот на Македонски Брод.
При средбата со граѓани беше најавена и изградба на нови два патни правци за селата Звечани и Волче, која ќе стартува во среда.
-Во среда почнуваме изградба на два локални патни правци со средтсва обезбедени од Светска банка, со заем на локалната самоуправа. Ќе почне со изградба патот за село Звечани – 4,5 километри и патот за село Волче – 3,5 километри. Тендерот го доби фирмата „Гранит“, потпишавме договори во среда почнуваме со изградба и за овие две населени места, посочи Војневски.
Претходно Груевски го посети и прилепското село Коњари каде се инвестира во асфалтирање на нови улици, и се изгради нова примарна канализација, а во тек е изградба и на нов плоштад.
-Вкупно оваа година асфалтиравме над 800 метри улици, овде во Големо Коњари. Користени се средства од Агенцијата за рурален развој. И канализација е направена, посочи градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Граѓаните при посетата на Груевски истакнаа дека се задоволни од работата на градоначалникот и инвестициите на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)