Нико Розберг и дефинитивно ги разреши дилемите околу својата иднина потпишувајќи нов договор со тимот на Мерцедес. Постоеја стравувања дека Германецот ќе мора да си замине од тимот поради честите конфликти на патеките со Луис Хамилтон, но сепак челниците на Мерцедес решија да потпишат нов договор со него, со цел да ја продолжат доминацијата во конкуренција на контруктори која трае неколку години.
– Договорот е потпишан и нормално дека сум пресреќен. Моја желба е да станам светски шампион со овој тим, ќе сторам се за тоа да се оствари веќе годинава – изјави Розберг по потпишувањето на договорот.
Со новиот договор Германецот ќе продолжи да вози за Мерцедес до крајот на 2018 година, исто како и тимскиот колега Луис Хамилтон, па останува да се види како ќе изгледаат нивните битки во иднина, со оглед на честите предупредувања од тимските шефови дека односите ќе мора да се нормализираат, или еден од нив ќе треба да си замине.
All smiles 🙂 Click here for the full story -> https://t.co/xjGH4hXJuT #F1 @nico_rosberg @MercedesBenz @F1https://t.co/wSB1gncWeu
— MERCEDES AMG F1 (@MercedesAMGF1) July 22, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)