| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Наќеска: Кре­мо­ви­те со за­шти­тен фа­ктор не се штет­ни за бе­би­ња­та

Кај мал број де­ца и кај дел од во­зрас­ни­те мож­но е да се раз­вие алер­ги­ска ре­ак­ци­ја на сон­це. Таа се ма­ни­фе­сти­ра со че­ша­ње, пец­ка­ње на ко­жа­та (па­ци­ен­ти­те че­сто го опи­шу­ва­ат ка­ко боц­ка­ње со иг­лич­ки), по­ја­ва на цр­ве­ни­ло од сит­ни точ­ки на ко­жа­та до по­ма­ли или по­го­ле­ми цр­ве­ни по­вр­ши­ни. Мо­ја­та пре­по­ра­ка е за­дол­жи­тел­но да се за­шти­ти ко­жа­та со про­из­во­ди што се спе­ци­јал­но на­пра­ве­ни за за­шти­та на ко­жа со алер­ги­ја на сон­це. Овие про­из­во­ди се ко­ри­стат за да ја за­шти­тат ко­жа­та од сон­це, а исто­вре­ме­но има­ат актив­ни суп­стан­ции што спре­чу­ва­ат да се раз­вие алер­ги­ска ре­ак­ци­ја на ко­жа­та и мо­жат да ги ко­ри­стат си­те во­зрас­ни гру­пи што се за­сег­на­ти со овој проб­лем, ве­ли д-р На­ќе­ска

Кре­мо­ви­те со за­шти­тен фа­ктор не се штет­ни за бе­би­ња­та. Кре­мо­ви­те за за­шти­та од сон­це за бе­би­ња­та не се исти со кре­мо­ви­те за за­шти­та од сон­це за во­зрас­ни­те. Ро­ди­те­ли­те мо­жат да из­бе­рат дет­ски про­из­вод за за­шти­та од сон­це од обич­на­та или од при­род­на­та коз­ме­ти­ка или од ме­ди­цин­ска­та коз­ме­ти­ка. Пе­ди­ја­три­те пре­по­ра­чу­ва­ат бе­би­ња­та со шест ме­се­ци во­оп­што да не се из­ло­жу­ва­ат на ин­тен­зив­но сон­це, а по­го­ле­ми­те бе­би­ња да из­бег­ну­ва­ат сон­це во пер­и­од од 11 до 16 ча­сот, пре­по­ра­чу­ва д-р Га­ли­на На­ќе­ска, спе­ци­ја­лист дер­ма­то­ве­не­ро­лог во ЈЗУ „Же­ле­за­ра“, Скоп­је.

Од ко­ја во­зраст до­ен­чи­ња­та мо­же да се из­не­су­ва­ат на пла­жа и да се сон­ча­ат?

На­ќе­ска: До­ен­чи­ња­та и нај­ма­ли­те де­чи­ња се мно­гу чув­стви­тел­ни на сон­це би­деј­ќи во тек на пр­ви­те три го­ди­ни од жи­во­тот се раз­ви­ва­ат при­род­ни­те ме­ха­низ­ми на ко­жа­та за за­шти­та од сон­це. За­тоа, пе­ди­ја­три­те на ин­тер­на­ци­о­нал­но ни­во пре­по­ра­чу­ва­ат бе­би­ња­та до шест ме­се­ци во­оп­што да не се из­ло­жу­ва­ат на ин­тен­зив­но сон­це, а за по­го­ле­ми­те од шест ме­се­ци  да се из­бег­ну­ва ин­тен­зив­но­то сон­це ме­ѓу 11 и 16 ча­сот.

Ка­ко тре­ба да се пла­ни­ра пре­сто­јот на пла­жа со бе­би­ња?

На­ќе­ска: Пред оде­ње на од­мор тре­ба до­бро да се под­го­тви­ме. Во од­нос на ис­хра­на­та тре­ба осо­бе­но вни­ма­ние да обр­не­ме на хи­дра­та­ци­ја на бе­бе­то. Бе­би­ња­та има­ат по­го­лем про­цент на во­да во нив­но­то те­ло во спо­ред­ба со во­зрас­ни­те, а нив­на­та тен­ка ко­жа, ко­ја сѐ уште не е ква­ли­тет­на ба­ри­е­ра, доз­во­лу­ва по­го­ле­ма за­гу­ба на во­да ко­га над­во­реш­на­та тем­пе­ра­ту­ра е ви­со­ка. За­тоа е по­треб­но вни­ма­ние од стра­на на ро­ди­те­ли­те, од­нос­но ако ста­ну­ва збор за до­ен­че – мај­ка­та тре­ба по­че­сто да му да­ва да ци­ца, а на ма­ло­то де­те да му се да­ва­ат по­че­сто теч­но­сти. Хра­на­та кај де­чи­ња­та, исто та­ка, тре­ба да е све­жо под­го­тве­на, овош­је­то и зе­лен­чу­кот да се мно­гу за­ста­пе­ни и до­бро из­ми­е­ни. Об­ле­ка­та тре­ба да е од тен­ки и при­род­ни ма­те­ри­ја­ли, со дол­ги ра­ка­ви и но­га­ви­ци, кои до­пол­ни­тел­но ќе ја за­шти­тат ко­жа­та од дејс­тво­то на сон­це­то, тре­ба да се но­си ка­па и очи­ла за сон­це. По­треб­но е да обез­бе­ди­ме и до­бра сен­ка за игра или за прес­пи­ва­ње на бе­бе­то. И да не за­бо­ра­ви­ме на ко­мар­ци­те, кои се мно­гу при­сут­ни ка­де што има во­да и тре­ва! Пре­па­ра­ти­те и апа­ра­ти­те за за­шти­та од ко­мар­ци во го­ле­ма ме­ра ќе ни го олес­нат пре­сто­јот за вре­ме на од­мо­рот и ноќ­ни­от сон.

01 (Custom)

За­тоа, пе­ди­ја­три­те на ин­тер­на­ци­о­нал­но ни­во пре­по­ра­чу­ва­ат бе­би­ња­та до шест ме­се­ци во­оп­што да не се из­ло­жу­ва­ат на ин­тен­зив­но сон­це, вели д-р Галина Наќеска, специјалист дерматовенеролог

Кое вре­ме е нај­до­бро тие да би­дат из­ло­же­ни на сон­це?

На­ќе­ска: Нај­до­бро е да би­дат из­ло­же­ни на сон­це од осум до 11 ча­сот на­у­тро и по 17 ча­сот поп­лад­не.

Ка­кви кре­мо­ви со за­шти­тен фа­ктор се по­треб­ни за да се за­шти­ти неж­на­та бе­бе­шка ко­жа?

На­ќе­ска: Кре­мо­ви­те за за­шти­та од сон­це за бе­би­ња­та не се исти со кре­мо­ви­те за за­шти­та од сон­це за во­зрас­ни­те. Ро­ди­те­ли­те мо­жат да из­бе­рат дет­ски про­из­вод за за­шти­та од сон­це од обич­на­та или од при­род­на­та коз­ме­ти­ка или од ме­ди­цин­ска­та коз­ме­ти­ка. За да не ги ста­ва­ме во не­до­у­ми­ца, ако бе­бе­то не­ма ни­ка­кви проб­ле­ми со ко­жа­та мо­же­ме сло­бод­но да из­бе­ре­ме  крем за за­шти­та од сон­це од гру­па­та обич­на или при­род­на коз­ме­ти­ка и сл. Ако де­те­то има мно­гу чув­стви­тел­на ко­жа, ато­пи­чен дер­ма­ти­тис/ег­зем, ако има скло­ност кон алер­гии, то­гаш е нај­до­бро да од­бе­ре­ме крем за за­шти­та од сон­це од гру­па­та ме­ди­цин­ска коз­ме­ти­ка.

Да­ли кре­мо­ви­те со за­шти­тен фа­ктор мо­же да би­дат штет­ни за бе­би­ња­та?

На­ќе­ска: Ап­со­лут­но не! По­сто­јат фи­зич­ки и хе­ми­ски фил­три (суп­стан­ции) што ја за­шти­ту­ва­ат ко­жа­та од дејс­тво­то на сон­че­ви­те зра­ци. Би­деј­ќи функ­ци­јата на бариера на ко­жа­та со­зре­ва до кра­јот на пр­ва­та го­ди­на од жи­во­тот на де­те­то, за бе­би­ња­та до ед­на  го­ди­на се пре­по­ра­чу­ва про­из­во­дот за за­шти­та од сон­це да би­де са­мо со фи­зич­ки фил­три. Тие во­оп­што не нав­ле­гу­ва­ат во ко­жа­та, ту­ку пра­ват еден за­шти­тен слој над ко­жа­та, кој ги од­би­ва УВ-зра­ци­те и на тој на­чин бе­бе­шка­та ко­жа е без­бед­но за­шти­те­на од сон­це. Од стра­на на ФДА (Аме­ри­кан­ска аген­ци­ја за хра­на и ле­ко­ви), цин­ко­ксид и ти­та­ни­ум­до­и­ксид се нај­без­бед­ни­те фи­зич­ки фил­три за за­шти­та од сон­це. Од на­вр­ше­на ед­на го­ди­на, ко­га функ­ци­јата на бариера на ко­жа­та е ве­ќе со­зре­а­на, ро­ди­те­ли­те мо­жат сло­бод­но да ко­ри­стат и про­из­во­ди што ком­би­ни­ра­ат фи­зич­ки и хе­ми­ски фил­три во за­шти­та од сон­це­то.

Со кој за­шти­тен фа­ктор тре­ба да се поч­не за да се за­шти­ти ко­жа­та на бе­бе­то?

На­ќе­ска: Во пер­и­о­дот на нај­ин­тен­зив­но­то сон­це (ју­ли, август) бе­би­ња­та тре­ба да се за­шти­ту­ва­ат со про­из­вод со ви­сок или мно­гу ви­сок за­шти­тен фа­ктор од сон­це (од 30 до 50+), а во дру­ги­от пер­и­од од го­ди­на­та, во за­вис­ност од ин­тен­зи­те­тот на сон­це­то, мо­же и со про­из­вод со по­мал за­шти­тен фа­ктор од сон­це. Тре­ба да има­ме на ум де­ка кре­мо­ви­те со за­шти­тен фа­ктор тре­ба да ги на­не­су­ва­ме ре­дов­но и во до­вол­на ко­ли­чи­на (на еден и пол до два ча­са и пет­на­е­сет ми­ну­ти) пред оде­ње на пла­жа, по ка­пе­ње и слич­но, за дет­ска­та ко­жа да  би­де ма­кси­мал­но за­шти­те­на од сон­це.

Освен од сон­це­то, ка­ко да се за­шти­ти бе­бе­то и од пе­со­кот?

На­ќе­ска: Од хи­ги­ен­ски при­чи­ни, ако бе­бе­то е ма­леч­ко нај­до­бро е да но­си пе­ле­ни, кои ќе ги ме­ну­ва­ме ре­дов­но. Ко­га ќе поч­нат да се­дат или се со жел­ба за про­о­ду­ва­ње до­бро е да обез­бе­ди­ме и га­ќич­ки за ка­пе­ње за да мо­жат уште по­ве­ќе да ужи­ва­ат на пла­жа. Исто та­ка, ако бе­бе­то е по­ма­ло мо­же­ме да го ста­ви­ме на со­од­вет­на пре­кри­вка за на пла­жа, ко­ја ќе ја за­шти­ти неж­на­та дет­ска ко­жа од мож­на ири­та­ци­ја при кон­такт со пе­со­кот или евен­ту­ал­но од ин­се­кти­те што жи­ве­ат во пе­со­кот.

05 (Custom)

Кај мал број де­ца и кај дел од во­зрас­ни­те мож­но е да се раз­вие алер­ги­ска ре­ак­ци­ја на сон­це

Сѐ по­че­сти се алер­ги­и­те од сон­це­то. Кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки, ка­ко да се ре­а­ги­ра и ка­ко да се за­шти­тат бе­би­ња­та и де­ца­та?

На­ќе­ска: Точ­но е де­ка алер­ги­и­те на сон­це се сѐ по­че­сти кај лу­ѓе­то, но кај бе­би­ња­та и кај де­чи­ња­та е нај­и­зра­зе­на го­ле­ма­та чув­стви­тел­ност на сон­це, по­ра­ди при­чи­ни­те за кои збо­ру­вав­ме прет­ход­но. Нај­го­лем дел од ре­ак­ци­и­те на ко­жа­та кај нив ќе ги из­бег­не­ме со ко­ри­сте­ње ква­ли­те­тен про­из­вод за за­шти­та од сон­це. Кај мал број де­ца и кај дел од во­зрас­ни­те мож­но е да се раз­вие алер­ги­ска ре­ак­ци­ја на сон­це. Таа се ма­ни­фе­сти­ра со че­ша­ње, пец­ка­ње на ко­жа­та (па­ци­ен­ти­те че­сто го опи­шу­ва­ат ка­ко боц­ка­ње со иг­лич­ки), по­ја­ва на цр­ве­ни­ло од сит­ни точ­ки на ко­жа­та до по­ма­ли или по­го­ле­ми цр­ве­ни по­вр­ши­ни. Се ра­бо­ти за ло­кал­на ре­ак­ци­ја на ко­жа­та, ко­ја во за­вис­ност од ин­тен­зи­те­тот мо­же да би­де мно­гу не­при­јат­на и да го рас­и­пе од­мо­рот на па­ци­ен­тот. Мо­ја­та пре­по­ра­ка за си­те што има­ат алер­ги­ја на сон­це е да се обра­тат за со­вет кај ле­ка­ри­те и фар­ма­це­вти­те и за­дол­жи­тел­но да ја за­шти­тат ко­жа­та со про­из­во­ди што се спе­ци­јал­но на­пра­ве­ни за за­шти­та на ко­жа со алер­ги­ја на сон­це. Овие про­из­во­ди се ко­ри­стат да ја за­шти­тат ко­жа­та од сон­це, а исто­вре­ме­но има­ат актив­ни суп­стан­ции што спре­чу­ва­ат да се раз­вие алер­ги­ска ре­ак­ци­ја на ко­жа­та и мо­жат да ги ко­ри­стат си­те во­зрас­ни гру­пи што се за­сег­на­ти со овој проб­лем.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top