На Барселона не и оди најдобро во последно време, а особено тешко функционира системот „тика-така“, кога Лионел Меси не е во игра.
И вечерва против Бетис, малиот аргентински ас ја спаси Барса од маки, со два гола во второто полувреме. Меси влезе во игра во 56. минута, како замена за Давид Вилја и по само 240 секунди постигна гол за Барселона, во тој момент за предност од 3-2. Особено беше убав последниот гол на мечот, повторно во режија на Меси. Аргентинецот беше прецизен и во 71. минута, од слободен удар, за извонреден ефект. Одигра само 34 минути, а даде два гола, со што остана уверливо на врвот на листата на стрелците со 46 погодоци, 13 повеќе од Кристијано Роналдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)