Шкендија успеа да го задржи водството од првото полувреме во реваншот против екипата на Нефчи од Баку, Азербејџан и со конечни 1-0 се пласира во третото коло од квалификациите за Лига Европа. Ова е најголемиот успех во клупската историја на тетовската екипа.
Првиот дуел во Баку заврши 0-0, со што голот вечерва на Ибраими во 31. минута на арената „Филип Втори“ беше доволен за пласман во третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Фудбалерите на Шкендија креираа одлична акција по десната страна, нафрлената топка Хасани умешно ја пропушти низ нозете, со што ја надмудри противничката одбрана, со што му направи празен простор на Бесарт Ибраими кој прецизно биеше.
Шкендија во 3. коло од квалификациите на Лига Европа ќе игра против чешката екипа Млада Болеслав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)