Горан Пандев му сервираше хет-трик на најдобриот стрелец во Серија А, Едисон Кавани и одигра прекрасен натпревар против поранешниот тим Интер. Македонскиот репрезентативец на двапати одлично го пронајде Уругваецот, за лесни погодоци, а еднаш со продор го принуди Џонатан да направи пенал над Ѕунига.
Уште на стартот од мечот во Неапол, Пандев покажа дека е расположен за игра. Во третата минута му асистораше на Кавани, па Уругваецот рутински постигна гол за предност од 1-0. Струмичанецот продолжи да си поигрува со одбраната на својот поранешен клуб Интер, со кого ја освои и Лигата на шампионите. Во 33. минута,по неговиот продор, Џонатан го собори Ѕунига во шеснаесетникот за пенал. Кавани беше прецизен за убав јубилеј, стоти гол во дресот на Наполи. Претходно Рики Алварез реализира пенал за Интер со кој израмни на 1-1.
И последниот гол на натпреварот го креираше Пандев, по одличната акција со Кавани. Го послужи како на тацна соиграчот од нападот, а на Кавани му остана само да ја погоди празната мрежа на Интер во 78. минута, за победа на Наполи од 3-1.
Валтер Мацари сао 7 минути подоцна го замени Пандев со Инсиње, а 19-та на Наполи беше испратен од теренот со бурни аплаузи од домашната публика.
Со победата Наполи го зачува второто место на табелата, со 72 бода, 7 повеќе од Милан и сигурно ќе игра во Лигата на шампионите, следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)