Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески денеска изврши увид во градежните активности на новиот канализациски систем во Прилеп, којшто се гради со средства од ИПА фондовите и 30-процентно учество на Владата на Република Македонија.
Според Ристески, Прилеп е еден од ретките градови во Македонија кој ќе има целосен третман на отпадните води со пречистителна станица со што комплетно ќе се исчисти Градската река која во моментов е загадена и нема жив свет.
Тој посочи дека првата фаза од изградбата на канализацискиот систем во Прилеп била во должина од 23 километри, а во втората фаза ќе се градат 47 километри. Со неа се опфатени повеќе населби во кои воопшто немало канализација или канализацијата била изградена пред 50 години и била со нестандардни димензии. Сега во градот канализацискиот систем се сепарира посебно да биде фекалната, а посебно атмосферската канализација.
– Првично беше предвидено инвестицијата за изградба на канализацискиот систем да чини 30 милиони евра, но со тендерите се намали на 26 милиони евра. Работите ги изведува компанијата Фајфер, а третата фаза ќе ја изведува бугарската фирма Комстрој, рече Ристески.
Груевски и Ристески го посетија и прилепското село Големо Коњари каде се градат улици и плоштад со средства обезбедени преку Агенцијата за поддршка на руралниот развој. Во моментов се направени улици со програмата на Агенцијата од 2013 година, а наскоро ќе почнат и со новата програма од 2015 година. За реконструкција на улиците во селото и за изградба на канализација, пречистителна станица и нов плоштад се вложени околу 30 милиони денари. Во Коњари се изградени 800 метри нови улици.
Градоначалникот Ристески најави дека за годинава е планирано да се изгради и детска градинка за што веќе се обезбедни средства, а претходно било реновирано и основното училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)