| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Финансиските терористи од СДСМ свесно и нанесоа штета на Македонија од 25 милиони евра

Финансиските терористи од СДСМ свесно и тенденциозно и нанесоа директна штета на Република Македонија од 25 милиони евра, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ воден од логиката „што полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ одлучи со сите сили преку манипулации и притисоци до светските финансиски институции да создаде вештачка паника која директно се одразува на угледот на земјата.

Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи СДСМ.

Поради СДСМ граѓаните на Република Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболицираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили да го руши рејтингот на Македонија во светот.

Со овие 25 милиони евра кои СДСМ ги украде од народот само поради својата деструктивност, безидејност и голема желба да и наштетува на Република Македонија, можеа да се реконструираат неколку болници, да се изградат студентски домови, спортски сали, библиотеки, градинки.

Овој срамен, противдржавен чин на СДСМ е најдобар доказ дека оваа криминална банда предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев има единствена цел да и наштетува на државата, да ја држи во агонија, состојба на криза бидејќи само во состојба на криза аболицираниот криминалец Зоран Заев е некаков фактор.

Ова е втор обид за финансиски тероризам на СДСМ во само неколку месеци. Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговите послушници неодамна им нанесоа штети во вредност од милиони евра на македонските граѓани преку ширење на лаги од фабриките за афери за наводна девалвација на денарот. СДСМ свесно креираше паника и ги натера граѓаните без постоење на објективни причини да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни средства на име на камати.

Главна цел на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ е нарушувањето на финансиската стабилност и финансиските текови во Република Македонија.

Интересот за издадената еврообврзница е уште еден доказ од најголемите светски финансиски институции дека Заев и СДСМ лажат со единствена цел да и наштетат на Република Македонија.

Граѓаните тоа добро го знаат и затоа не му дозволуваат на СДСМ да се доближи до власта. Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот за сите штети кои свесно и ги нанесуваат на државата. Сметката ќе им биде испорачана на изборите, соопштуваат од владејачката партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top