Според новата листа на туристичкиот водич „Трип адвајзор“ Ханој е најевтиниот, додека Њујорк е најскапиот град за посета на туристи.
При составување на листите предвид се земени фактите за тоа колку пари ќе потрошат двајца туристи за сместување во хотел со 4 ѕвезди за три дена, посета на три атракции, пари за јадење и транспорт.
Според податоците на TripAdvisor, туристите во Ханој во просек трошат 674 долари. На второто место најевтини градови за туристи е Мумбај, со 767 долари, а на трето место Кејпатун со 791 долари.
Меѓу десетте најевтини места се наведуваат Куала Лумпур, Бангкок, Москва, островот Бали, Мадрид, Берлин и Виена.
На врвот на листата најскапи градови е Њујорк, за одмор во овој град потребни се скоро 2.500 долари по човек. На второ место е Токио со 2.000 долари, а на трето место Лондон со 1.900 долари.
Потоа на листата се и градови како Канкун, Париз, Сингапур, Хонг Конг, Сиднеј, Рим и Рио де Жанеиро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.