Либиja усвои закон со кој се забранува да работат во новата влада сите кои што биле на високи државни функции во време на режимот на Моамер Гадафи. Со оваа одлука на парламентот премиерот Али Зеидан можеби ќе мора да поднесе оставка. Тој беше дипломат пред да и се придружи на опозицијата, но во новиот закон не пишува дали функцијата што ја извршувал била доволно висока за да му биде забрането да биде во новата влада.
Иако не е јасно дали новиот закон се однесува на премиерот, претседателот на парламентот Мохамед Магариеф кој е поранешен амбасадор ќе мора да се повлече иако живеел во егзил од 80-те години кога стана истакната личност на најстарата либиска опозициска организација. Членови на Конгресот велат дека законот веројатно ќе се однесува на околу 40 од вкупно 200 пратеници во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриени тајни документи за Гадафи: Каков бил „планот Б“ за неговото рушење од „западните пријатели“
-
Синот на Моамер Гадафи ќе се кандидира за претседател на Либија
-
Потрага по богатството на Гадафи: Неговите милијарди, дијаманти и злато се бараат низ цела Африка
-
Каде се милијардите кои ги сокрил Гадафи?