Американката Данеша Коуч од Канзас, САД, за две години и два месеца трипати родила близнаци, а сите тие се зачнати по природен пат, објави Макфакс.
Таа вели дека била потполно неподготвена за оваа животна приказна. „Луѓето, едноставно, ме сметаат за чудо на природата кога ќе им раскажам“, вели Коуч во изјава за „Фокс њуз“ (Fox News).
Неверојатно плодната мајка минатиот месец ги роди Далани и Дарла, слатки девојчиња, кои ги имаат едногодишните сестри Дилајла и Давина, како и двегодишниот брат Данариус. За жал, братот близнак на Данариус, Дезмонд починал набрзо по прераното раѓање, по настанатите компликации.
Мајката на новинарите им признала дека веста за втората бременост ја примила како шок и била хистерична. Тешко е да се замисли како се чувствувала кога дознала дека третпат носи близнаци.
-Бев потполно неподготвена. Мислам, имав подготвено облека и сѐ друго, но ментално не бев подготвена за тоа. Ми требаа повеќе месеци да ги прифатам фактите – вели Коуч.
Сепак, верувале или не, Данеша не ја исклучува можноста да роди уште бебиња. Сепак, таа и нејзиниот свршеник, Преслер, сакаат да почекаат некое време.
-Сакам бебиња, но следното може да дојде за 10 до 15 години, кога овие деца ќе бидат доволно големи за да може да ми помагаат – вели таа.
Се смета за благословена што може да има деца, затоа што познава многу жени што не можат. Сеапк, троши премногу пелени, и други работи за бебињата, па ја отворила страницата GoFundMe, а сите кои сакаат да ѝ помогнат може да уплатат пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.