| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно сум исполнет, мојата Лора знае да ме послуша

malenko i lora

Александар Маленко овие денови ги поминува во Охрид во дружба, прошетки, разговори со својата шеснаесетгодишна ќерка Лора, најстарата од неговите пет деца, со која немал контакт десетина години.

Лора престојува во Охрид и летува во хотелот кој го менаџира нејзиниот татко. Охриѓани ги гледаат како заедно шетаат низ родниот град на Маленко, објави Вест.

-Целосно сум исполнет. Со мене во Охрид, во нашиот хотел се одмора и мојата ќерка Лора. Интензивно се дружиме, разговараме, ги слушам нејзините проблеми што се својствени за млад човек. Ја советувам, иако понекогаш, кога станува збор за некој моден детаљ, знае да ми каже дека треба да го сфатам времето во кое живееме. Мојата Лора знае да ме послуша. Што да ви кажам, уживам во секој момент со неа, се чувствувам среќен. Се гордеам со неа. Има ли нешто поубаво од тоа, изјави Маленко за Вест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top