| четврток, 6 декември 2018 |

Се е договорено, Пол Погба се враќа на „Олд трафорд“ за 110 милиони евра

pol pogba

Францускиот интернационалец Пол Погба се враќа на „Олд трафорд“, од каде замина во редовите на Јувентус пред четири години.Тој како тинејџер не успеа да се наметне кај сер Алекс Фергусон и мораше да ги напушти редовите на „црвените ѓаволи. Сега се враќа како еден од најдобрите фудбалери на денешницата, уривајќи го рекордот за најскап трансфер во историјата. Манчестер јунајтед за него на Јувентус ќе му плати 110 милиони евра отштета, а Французинот треба да потпише петгодишен договор и повторно да заигра на „Театарот на соништата“, овојпат под водство на Жозе Мурињо.

Официјално, трансферот треба да биде реализиран наредните денови, а Погба ќе пристигне на „Олд трафорд“ откако ќе заврши со летниот одмор во Мајами. Французинот во Манчестер јунајтед треба да заработува 12 милиони евра годишно и секако ќе биде едно од најголемите засилувања за овој тим. Мурињо со него ќе комплетира навистина спектакуларен тим, во кој засилувања веќе се и фудбалери како Златан Ибрахимовиќ и Хенрик Мхитарјан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top