| четврток, 6 декември 2018 |

Дрога, коцка, абортуси на дворот: Филмот кој не ѝ се допадна на Саудиска Арабија (ВИДЕО)

„Гревовите на кралот Фахд“ снимен по автобиографијата на „тајната“ сопруга на покојниот саудиски крал, а во него се изнесени некои навистина шокантни детали на раскалашниот и суров живот на дворецот.

Трејлерот за новиот филм за животот на покојниот саудиски крал Фахд бин Абдулазиз ал Сауд беше прикажан во јавноста и предизвика поделени реакции, пред сѐ поради тоа што содржи сцени со дрогирање, коцкање и насилни абортуси.

fahd

„Гревовите на кралот Фахд“ го прикажуваат покојниот крал како вбризгува хероин и како се коцка во Лондон, а вознемирувачката сцена од присилниот абортус на неговата тајна жена е една од најдраматичните сцени.

dzanan harb

Филмот се базира на автобиографијата на Џанан Харб „Саудискиот крал и јас“. Џанан, палестинска христијанка, избегала од дома како тинејџерка, а завршила на саудискиот двор како сопруга на кралот Фахд.
Во 1970 година била принудена да избега од земјата бидејќи кралското семејство не ја сакало, по шо се преселила во Лондон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top