| четврток, 6 декември 2018 |

Франција на нозе против геј браковите

Франција денеска протестираше против истополните бракови. Тие се против законот со кој што тие се легализиран, усвоен од страна на националниот парламент на 24 април годинава. Десетици илјади демонстранти во Париз, Тулуз, Лион, Лил и други градови бараат од претседателот Франсоа Оланд да не го потпишува законот.

Ова е само почеток на протестот против новиот закон. Големиот протест на противниците на истополни бракови од цела Франција е закажан за 26 мај во Париз. И пред донесувањето на законот, додека тој беше во собраниска постапка повеќе стотици илјади Французи го искажуваа револтот на улица.

Демонстрантите од Владата и Собранието бараа, ако веќе мора да се одобрат браковите, никако да не се дозволи посвојување на деца, но таа одредба сепак е усвоена во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top