Британскиот таблоид Дејли меил направи лиса на најголемите масовни убијци на 20 век. На врвот на листата се комунистичките диктатори Мао Ѕе Дунг и Јосиф Висарионович Сталин, а на трето место е Адолф Хитлер. На листата има место и за Јосип Броз Тито, кој е 10 позиции пониско од Хитлер, на тринаесеттото место.
Според процените на Дејли меил, Тито е одоговрен за смртта на 570 илјади луѓе, претежно политички противници.
На режимот на Ѕе Дунг му се припишуваат 60 милиони жртви, а Сталин, според Дејли меил на душа носи 40 милиони луѓе. Лидерот на нацистичка Германија е виновен за десет милиони жртви помалку.
На четвртото место е белгискиот крал Леополд II. Тој е одговорен за смртта на осум милиони луѓе колонизирани во Конго. По него следуваат јапонскиот диктатор Хидеки Тоџо, сојузник на Хитлер во Втората светска војна, кој се смета за одговорен за смртта на пет милиони луѓе. Шести на листата е Турчинот Исмаил Енвер паша, кој на душа носи 2.000.000 жртви.
За смртта на повеќе од милион луѓе виновни се и Пол Пот, лидер на Црвените кмери во Камбоџа, севернокориејскиот диктатор Ким Ил Сунг, Етиопќанецот Менгисту Хаиле Маријам и Нигериецот Јакубу Говон.
Според информациите на Дејли меил, Пол Пот е одговорен за ликвидација на 1,7 милиони луѓе, Ким Ил Сунг на 1,6 милиони, жители на Северна Кореја, Менгисту Хаиле Маријам убил 100.000 помалку, а воениот режим на Јакубу Говон обезглавил милион жртви.
На листата најголеми масовни убијци пред Тито се и Жан Камбада од Руанда (800.000 жртви) и ирачкиот диктатор Садам Хусеин (околу 600.000). Листата завршува со познатите диктатори Иди Амин (300 до 500 илјади жртви), Бенито Мусолини (250 илјади), Хо Ши Мин (200 илјади), Франциско Франко (околу 35 илјади) и Фидел Кастро со пет илјаи помалку.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.