Добри Добрев е старец од Бугарија, роден во село Бајлово, на денешен ден, 20 јули во далечната 1914 година, кој го сметаат за жив светец. Останал речиси сосема глув во Втората светска војна, а годините ниту недостатокот на слух не го спречуваат секојдневно да поминува 44 км од Бајлово до Софија, каде денот го пoминува во своевидно „просење“.

Некогаш тој пат го поминувал пеш, а денес, поради годините, тоа го прави со автобус.Зошто своевидно просење? Прво, парите кои ги „испроси“ не ги задржува за себе, но за тоа нешто подоцна, а второ-според сведоштвата на мештаните, тој никогаш директно не бара пари.
Кога фотографиите на племенитиот старец се најдоа на социјалната мрежа „Imguru“, еден корисник прокоментирал:„Го знам дедо Добри-така го нарекуваат сите локалци. Живеев во Софија пола година и секојдневно патував со него во трамвај. Излегуваше секогаш станица после мене. Секојдневно патниците го препознаваа и му приоѓаа да му честитаат. Добри е полн со приказни кои ја топлат душата. Исто така, никогаш не моли за пари, секогаш има чашка крај себе во која луѓето му ставаат кој колку може, а тој на секој му покажува благодарност.“Што се случувало со парите кои дедо Добри ги собрал?

Храмот Свети Александар Невски, патријаршија на Бугарската православна црква, е изграден во 1908 година, со децении бара реставрација. Сепак, и покрај тоа што таму редовно се одржувале служења, и покрај тоа што ги собирал највисоките црковни претставници од цел свет, бил се позапуштен.А тогаш се појавил дедо Добри.„Не можев да верувам а и понатаму ми е тешко да сфатам дека убедливо најголем предлог за обнова на Храмот Свети Александар Невски ја дал дедо Добри-оној кој секогаш им се поклонува на сите, облечен во народна носија. Минатата година дал прилог од 35.700 лева околу (20.000 евра)! Тој, толку сиромашен и скромен“!-рекол после обновата Тиверополскиот епископ Тихон.Дедо Добри, воен ветеран, има месечен приход од само осумдесет евра. И покрај тоа, не присвоил ниту лев за себе, туку парите на добрите луѓе ги чувал како би дал прилог за обнова на Храмот.
Епископт Тихон, откако старецот приложеил богат прилог каков со децении никој не дал, го прашал дедо Добри зошто тоа го направил.„Собирам пари за манастрири. Сакам да ги обновиме сите запуштени цркви и манастрири. Вредно работиме на тоа, не е тоа многу, но даваме се од себе. Многу цркви се запуштени и никој не ги посетува. Би требало сите да се обноват“, рекол дедо Добри пред камерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


