| четврток, 6 декември 2018 |

Деверот на Пипа Мидлтон е црна овца во семејството: Тој е скандал мајстор што спиел со илјада жени

Пипа Мидлтон минатиот викенд се свршила со Џејмс Метјуз, а медиумите пишуваат за нејзиниот иден девер и неговиот скандалозен живот.

Спенсер Метјуз следниот месец ќе наполни 28 години, а веќе го следи репутација на плејбој и заводник склон на пороци. Се прославил во реалното шоу “Made in Chelsea”, медиумите пишувале дека консумира кокаин, а тој признал дека невиноста ја изгубил кога имал 13 години и дека спиел со повеќе од илјада жени. Доживеал сообраќајна несреќа во своето ламборџини, но успеал да мине со помали повреди. Неговиот живот е исполнет со луди патувања и забави, за што сведочат и неговите профили на социјалните мрежи.

Од друга страна, неговиот брат Џејмс, идниот сопруг на Пипа Мидлтон, води скромен и дискретен живот. Пораснал во богато семејство, но успеал да изгради бизнис и сам да заработи доволно за луксузен живот.

Неговиот татко бил син на сиромашен рудар, но изградил вистинска империја и неговото богатство се проценува на неколку милиони фунти. Меѓу другото, сопственик е на еден од најексклузивните хотели на светот, на островот Сент Бартс, каде престојувале ѕвезди како Бијонсе, Елтон Џон, Бред Пит и Леонардо ДиКаприо.

Џејмс и Спенсер ја имаат и сестрата Нина, а имале и брат Мајкл, кој трагично починал во 1999. година на планинарење на Монт Еверест, само неколку часа откако станал најмладиот Британец кој го освоил тој планински врв. Имал 23 години. Неговото тело никогаш не било пронајдено.

Наместо како својот татко и брат да започне да се занимава со бизнис, Спенсер влегол во реално шоу во 2011. година. Објавил две автобиографии, а во последната, која излегла во 2013., до детаљ опишал како секоја вечер одел во клубови и користел алкохол и LSD во друштво на жени. Како што тврди, еднаш имал секс со шест учесници, меѓу кои и еден маж.

Зборувајќи за својата склоност кон наркотици, рекол:

“Знам дека не е во ред да се консумира кокаин. Како и повеќето родители, и моите ми велат да не користам дрога. Но, луѓето понекогаш сакаат да тестираат работи. Не ја поддржувам дрогата. Луѓето прават грешки, а понекогаш тие грешки ги повторуваме”.

Спенсер малку се смирил откако го напуштил реалното шоу, но сè уште води многу бурен живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top