Вооружени демонстранти пукале врз полицијата, повредувајќи најмалку петмина, за време на конфронтација со органите на редот, која се случила минатата ноќ во северниот дел на Париз поради смртта на еден млад човек, кој бил уапсен, објавија властите, пренесува Reuters.
Властите не пронашле врска помеѓу овој инцидент и нападот во Ница од минатата недела, но Франција и нејзините сили за безбедност остануваат во мирување.
Протестите почнаа откако 24-годишен маж починал додека бил притворен од органите на редот.
Мажот имал срцев проблем за време на транспортот до полициската станица, но конкретната причина за смртта во моментов се истражува.
Членови на семејството тврдат дека полициските службеници го удриле мажот, додека го уапсиле бидејќи се обидел да го спречи задржувањето на брат му осомничен за насилство и изнуда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.