Новата британска премиерка Тереза Меј даде многу директен одговор на прашање поврзано со британската нуклеарна програма Трајдент. Британските медиуми пишуваат дека многумина шпекулираат дека станува збор за потег на владата чија единствена цел е да се привлече вниманието врз сѐ поголемиот раскол меѓу шефот на лабуристите Џереми Корбин и повеќето лабуристички пратеници во британскиот парламент.
Прашањето за нуклеарниот напад, на кое одговори Меј, го постави пратеникот на шкотската партија СНП Џорџ Кереван.
-Дали сте спремни да одобрите нуклеарен напад кој би убил стотици илјади мажи, жени и деца?“, на што Меј одговори со „да“ и додаде дека смислата на нуклеарната програма како средство за одвраќање е непријателот да биде свесен дека сте спремни да го употребите.
-Да се отфрли британското нуклеарно оружје би бил чин на голема неодговорност“, додаде премиерката и ги обвини противниците на системот Трајдент дека се први во одбрана на непријателите на Велика Британија.
Меј е првата британска премиерка која вака директно одговара на прашање за нуклеарното оружје и неговото користење. Нејзините претходници го избегнуваат одговорот на тоа прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)