| четврток, 6 декември 2018 |

Британија во шок: Кејт Мидлтон нема да се појави на свадбата на сестра и?

И додека братот Џејмс најверојатно ќе има улога на кум, војвотката од Кембриџ и сестра на невестата најверојатно нема да присуствува на прославата.

Војвотката е пресреќна поради веста за веридбата на својата сестра но најверојатно нема да дојде бидејќи не сака да ја засени на тој голем ден. Од истата причина и во 1986 година принцезата Дајана не беше деверуша на свадбата на Сара Фергусон и Принцот Ендру.

Медиумите пишуваат дека војвотката ќе ги вложи сите напори да не биде во центарот на вниманието додека нејзините деца Џорџ и Шарлот ќе имаат свои улоги во прославата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top