На 26 јуни, во Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево се одржа концерт на учесниците на „Крушевска работилница 2016“ (Krusevo Workshop 2016), манифестација која е под покровителство на Министерството за култура на РМ. Годинава младите уметници беа предводени познатиот македонски хармоникаш, маестро Горан Алачки, додека како специјална гостинка на завршниот чин настапи македонската поп-дива Елена Ристеска.
„Секогаш кога пеам песни од Тоше имам кнедла во грлото и не знам дали ќе издржам да допеам до крај. Особено кога од другата страна во публиката ги гледате неговите најблиски. Солзите не можат да запрат, истовремено чувстувате и убавина во душата и гнев“, изјави Елена не можејќи да ги запре и сокрие солзите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)