| четврток, 6 декември 2018 |

Берлускони: „Или ќе нема данок на имот, или ја рушам владата“

berluskoniБерлускони ќе ја „урне“ новата италијанска влада ако не се укине данокот на имот. Поранешниот премиер, чија што партија е коалициски партнер во новата влада, се закани со напуштање на коалицијата, а со тоа и повторно враќање на политчката неизвесност на Италија која два месеци по изборите чекаше владин состав, побара да се укине непопуларниот данок врз недвижни имоти, кој според него е неправеден и штетен за целата економија.

Данокот го воведе владата на Марио Монти за да „затвори“ дупка во буџетот. Во предизборната кампања Берлускони вети дека ќе се бори против тој данок и на Италијанците ќе им врати пари дадени во минатата година за плаќање на таа давачка.

Премиерот Енрико Лета досега се ангажираше само да ги замрзне сметките за данок на имот за минатиот месец додека владата не одлучи што ќе прави со тој проблем.

Весникот Корисере дела сера објави дека исполнувањето на ветувањето на Берлускони за данокот би чинело околу 12 милијарди евра, сума што задолжената Италија не може да ја дозволи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top