Во понеделникот наутро во 09.00 часот во ПС-ОН Прилеп, А. Р. (31) од Прилеп пријавила дека истиот ден околу 03.00 часот непознато машко лице извршило обљуба врз неа.
Непознатото лице кое управувало автомобил со битолски регистарски ознаки, ја пресретнало на ул.„11-ти Октомври“ и ја понудило да влезе во возилото. Таа се вознемирила и му рекла да си оди и продолжила пеш кон нејзиниот дом. Тој повторно се доближил со возилото до неа и насила ја внел внатре, по што се упатил кон периферијата на градот каде извршил обљуба.
Откако ја вратил назад и се заканил дека ќе ја убие ако каже некому или ако пријави во полиција.
Над оштетената бил извршен општ и гинеколошки преглед.
ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.